|
Оваа година Vuelta а Espańa ја прославува својата 75та годишнина. Во сабота (28 август) ќе стартува 65то издание на оваа велосипедска трка. Овогодишното издание ќе биде максимално отворено, со најмалку пола дузина велосипедисти-кандидати за искачување на највисокото место на подиумот. Во креирањето на списокот на фаворити, комбинирано беа користени листите на најпознатите светски обложувалници, кои редовно ги нудат своите услуги кога се во прашање најпопуларните велосипедски трки од Календарот на Union Cycliste Internationale.
DENIS MENCHOV
Држава: Русија
Екипа: Rabobank
Години: 32
Најдобар пласман: Победник на Vuelta во 2005 и 2007 година
Квота: 4, 00
http://sports.williamhill.com/bet/en-gb/betting/e/1382322/Vuelta-a-Espana---Outright.html
Шампионот на Vuelta од 2005 и 2007 година заслужува да биде рангиран како еден од најсериозните фаворити за освојување на Vuelta 2010. Искусниот Русин се покажа во одлично светло во јули на Tour de France 2010, завршувајќи на трето место во конечниот пласман. Тој ја базираше својата сезона околу Tour и иако не ја освои трката, тој извози брилијантна трка. По пет изминати седмици и еве го повторно Menchov, во обид да го достигне зенитот повторно, како последен обид да го заокружи својот шестгодишен престој во Rabobank, пред да се пресели во новоформираниот Team GEOX. „Ментално и психолошки сум во ред. Одам на Vuelta за да победам, но никогаш не е лесно“ – изјави Русинот. Овогодинешното издание на Vuelta се карактеризира со брутални искачувања, па може да биде навистина тешко за Menchov до го повтори успехот од 2005 и 2007 година. Како и да е, тој е на ниво во речиси секоја трка во која учествуваше годинава, второ место во генерален пласман на Tour of Romandie и Vuelta a Murcia, подиум на Tour ... Menchov е добар во „борбата со часовникот“ и тоа може да се покаже како клучен фактор во 46 километарскиот хронометар во последната седмица од трката. Во планините, Менчов ќе смета на својот верен domestique, Juan Manuel Garate.
FRÄNK SCHLECK
Држава: Луксембург
Екипа: Saxo Bank
Години: 30
Најдобар пласман: /
Квота: 4, 00
http://sports.williamhill.com/bet/en-gb/betting/e/1382322/Vuelta-a-Espana---Outright.html
Fränk Schleck заработи скршена клучна коска на калдрмите низ Франција изминатиот јули и токму поради тоа Fränk ќе ја стартува Vuelta 2010 во прилично свеж здив. Schleck Постариот само еднаш има настапено на Vuelta, и тоа минатата година, кога се повлече од трката за да се концентрира на Светското првенство што се одржа во Мендризио, Швајцарија. Оваа година, не само што ќе има за цел да ја заврши трката, туку и да триумфира на истата, како шанса за последен триумф на Grand Тour во боите на Saxo Bank.Досега, Fränk има солидна 2010 сезона-победа на третата етапа и победа во генерален пласман на Tour de Suisse. Истотака, тој е актуелен државен друмски шампион на Луксембург. Што се однесува до успесите на Grand Тours, Fränk има забележано две петти места во генерален пласман на Tour de France, при што ланскиот резултат го оствари како поддршка на неговиот помлад брат, Andy. И Andy Schleck ќе настапи на Vuelta 2010. По напорниот Tour, Andy би требало да вози како поддршка на неговиот постар брат. Оваа комбинација може да биде убиствена за останатите фаворити-имајќи го Andy покрај себе во високите планини, сигурно ќе претставува мотив повеќе за Fränk да ја освои својата прва Grand Тour титула.
VINCENZO NIBALI
Држава: Италија
Екипа: Liquigas-Doimo
Години: 25
Најдобар пласман: /
Квота: 5, 00
http://sports.williamhill.com/bet/en-gb/betting/e/1382322/Vuelta-a-Espana---Outright.html
Нибали ужива во својата фантастична 2010 сезона. Примарно, неговиот фокус беше насочен кон Vuelta 2010, меѓутоа доцното повлекување на Franco Pellizotti од составот на Liquigas-Doimo за Giro d’ Italia 2010 значеше учество на Nibali на наголемата италијанска трка. Резултатот беше феноменален, Nibali извојува победа на една етапа, ја носеше Maglia Rosa, заврши на третото место во генерален пласман, а сето тоа како супер помошник на својот тимски лидер, Ivan Basso, кој го освои овогодинешното Giro.Родениот Сицилијанец (во Messina) оствари победи и на Tour of Slovenia и Tour de San Luis оваа сезона. Со Giro-то зад себе од мај, Nibali е свеж повторно да ги предизвика противниците за победа на оваа трка. Тој е сосема солиден искачувач на планини, а стрмните планини на понуда за оваа година, може да се јават како негов добар сојузник.
EZEQUIEL MOSQUERA
Држава: Шпанија
Екипа: Xacobeo-Galicia
Години: 34
Најдобар пласман: 4то место во 2008 година
Квота – 9, 00
http://www.sportingbet.com.au/Default.aspx#&&s=Sports-Cycling 2010+Vuelta+a+Espana+Futures-1753525
Ezequiel Mosquera има остварено одлични успеси на Vuelta во претходните сезони, два пати петто и еднаш четврто место. Тој сé уште нема завршено на подиум на неговата домашна трка, меѓутоа тоа може да се смени оваа година.Оваа сезона Mosquera нема победа, но е константен. Ја извози Vuelta a Burgos во одличен стил, завршувајќи на второто место, финишираше на третото место на Vuelta a Castilla y Leon, а за малку му побегна подиумот на Vuelta a Asturias, скрасувајќи се на четврто место. Имајќи го предвид фактот дека оваа Vuelta е максимално отворена, како и тоа дека голем број од фаворитите извозеа еден тежок Tour de France, ова може да биде годината во која Mosquera ќе го стави својот печат на трката.
IGOR ANTON
Држава: Шпанија
Екипа: Euskaltel-Euskadi
Години: 27
Најдобар пласман: 8мо место во 2007 година
Квота – 9, 00
http://www.bet365.com/
Како Ezequiel Mosquera и Igor Anton нема возено на Grand Tour оваа сезона. Сепак, Антон има успешна сезона, завршувајќи втор во генерален пласман на Vuelta a Castilla y Leon, притоа освојувајќи ја третата етапа со победа над Alberto Contador на тежок брдски финиш.Својата професионална кариера Anton ја започна во 2005 година и веднаш во 2006 година победи на шеснаесеттата етапа на Vuelta а Espańa. Во следните две изданија на Vuelta а Espańa Igor Anton покажа одлична форма и потенцијал, „верно“ следејќи ги Alberto Contador и Alejandro Valverde на високите планински искачувања низ Шпанија на Vuelta 2008. За негова голема несреќа, му се случи пад на етапата што се возеше до Alto de L'Angliru и како резулатат на тоа ја скрши клучната коска, што доведе до преран крај на сезоната. Во досегашната кариера Igor Anton докажа дека може рамноправно да се бори со најдобрите кога на „дневен ред“ ќе дојдат високите планини и ако и овој септември повторно го покаже својот раскошен талент, сигурно ќе биде „означен велосипедист“ од останатите фаворити.
ANDY SCHLECK
Држава: Луксембург
Екипа: Saxo Bank
Години: 25
Најдобар пласман: /
Квота: 13, 00
http://www.bet365.com/
Andy Schleck е велосипедист кој несомнено еден ден ќе застане на врвот на пиедесталот на Tour de France. Со неговиот талент и досегашните успеси на само 25-годишна возраст ретко кој велосипедист може да се пофали. Ќе наброиме само неколку: две втори места во генерален пласман, две етапни победи и три бели маички за најдобар млад велосипедист на Tour de France; најдобар млад велосипедист на Giro d’ Italia 2007; триумф на Liege-Bastogne-Liege 2009; Државен друмски шампион на Луксембург за 2009 година; Државен шампион во хронометар на Луксембург за 2005 година ...Прашањето кое се поставува е дали Andy ќе вози како поддршка на неговиот постар брат Fränk или можеби ќе бара одмазда за „изгубениот Tour“ од Contador токму на шпанска почва? Можеби и уморот од јулското издание на Grande Boucle ќе го направи своето? Како и да е, профилот на овогодинешното издание на Vuelta а Espańa совршено одговара на неговите карактеристики како велосипедист, со исклучително високи квалитети за искачување по долги и стрмни планини. Останува да се види со каква тактичка замисла ќе настапи тимот на Saxo Bank на Vuelta а Espańa 2010.
CARLOS SASTRE
Држава: Шпанија
Екипа: Cervelo Test Team
Години: 35
Најдобар пласман: 2ро место во 2005 и 2007 година
Квота – 13, 00
http://www.sportingbet.com.au/Default.aspx#&&s=Sports-Cycling-2010+Vuelta+a+Espana+Futures-1753525
Шампионот од Tour de France 2008, Carlos Sastre на стартната линија во Севиља ќе го започне третиот Grand Tour оваа сезона. Досега во својата кариера, тој има завршено три пати на подиумот на Vuelta а Espańa, а овој пат ќе ја бара шансата да го подобри својот досегашен најдобар резултат.
Сепак, да се достигне зенитот на формата за три Grand Tours во текот на една сезона може да биде невозможна мисија за Sastre. Тој заврши на осмото место на Giro, на дваесеттото место на Tour, па навистина може да се најде на тешки маки во наредните три седмици. Сепак, едно нешто е сигурно – Sastre никогаш не се предава, па така и сега. Ќе се бори до последниот атом од силите и затоа не смее да се избрише од листата на фаворити.
JOAQUIN RODRIGUEZ
Држава: Шпанија
Екипа: Team Katusha
Години: 31
Најдобар пласман: 6то место во 2008 година
Квота – 19, 00
http://www.sportingbet.com.au/Default.aspx#&&s=Sports-Cycling-2010+Vuelta+a+Espana+Futures-1753525
Оваа сезона дефинитивно е најуспешната во кариерата на Joaquin Rodriguez. Го освои осмото место во генерален пласман на Tour de France, триумфираше на дванаесеттата етапа и покажа дека е еден од најдобрите брдаши на трката. Негова специјалност се кратките и навистина стрмни брда. Победник во пласманот за најдобар брдски возач на Vuelta а Espańa 2005, оваа година Rodriguez цели на место на подиумот, меѓутоа после истоштувачкиот Tour, можеби ќе има проблеми да ја пронајде правата форма. Katusha доаѓаат на Vuelta со силна екипа, а човекот задолжен за поддршка на Rodriguez е Vladimir Karpets. Во случај Rodriguez да потфрли, Karpets би можел да ја преземе улогата на заштитен возач во Katusha.
DAVID ARROYO
Држава: Шпанија
Екипа: Caisse d’ Epargne
Години: 30
Најдобар пласман: 19то место во 2006 година
Квота – 51, 00
http://www.bet365.com
Со голема веројатност може да се каже дека Arroyo ќе биде лидер на тимот на Caisse d’ Epargne на оваа Vuelta. Оваа сезона е исклучително успешна за Шпанецот, го освои феноменалното второ место во генерален пласман на Giro d’ Italia и ја носеше Maglia Rosa на пет етапи. Во изминатите сезони Arroyo покажа дека добро се снаоѓа на трки кои траат три седмици, а Giro 2009 (десетто место) и Giro 2010 се најдобар доказ за тоа. Освојувањето на деветнаесеттата етапа на Vuelta а Espańa 2008 претставува најголем успех во неговата кариера. Caisse d’ Epargne имаат солиден тим позади Arroyo, со велосипедисти како Luis Leon Sanchez, Marzio Bruseghin и Rigoberto Uran. Ако Arroyo вози како што возеше изминатиот мај, тогаш победата не е невозможна.
Текст: Chris Graetz, Daily Peloton, 22.08.2010
Превод и адаптација: Зоран Додевски |