| Шпанскиот велосипедизам повторно на стаклени нозе |
|
|
|
| Saturday, 30 January 2010 15:42 |
|
Сé помалку шпански екипи по глобализацијата и допинг скандалите Веста дека француската банка Caisse d'Epargne ќе го раскине спонзорството на една, ако не и најдобрата, велосипедска екипа од Шпанија на крајот од 2010 година е само последниот од серијата удари кои овој спорт ги претрпе во земјата која е несомнен бастион на велосипедизмот. Само еден поглед преку овогодинешниот календар ги открива големите празнини помеѓу настаните во Шпанија, особено во самиот пик на сезоната. Фановите на велосипедизмот ќе бидат оставени без возбуда помеѓу Tour of Asturias, која доаѓа на крајот на мај и Tour of Madrid, која е поместена во средината на јули. А и да бидеме искрени, тешко дека некој друг, освен помалите шпански екипи, ќе биде заинтересиран да партиципира на овие трки. Само што и споменатите помали шпански екипи не се баш во голем број. Покрај тоа што Шпанија има големи проблеми во рамките на ProTour, оваа земја мака мачи и во категоријата Pro Continental. Во моментов, во споменатите категории на натпреварување се наоѓаат само по две екипи од Шпанија, додека и не така пред многу години, оваа пиринејска држава броеше вкупно околу десет велосипедски екипи во овие конкуренции. И доколку се спуштиме уште едно натпреварувачко ниво подоле - Continental статус, состојбата е уште полоша, само баскиската екипа Orbea настапува под шпанското знаме. Причините за ова стрмоглаво опаѓање и не е така тешко да се забележат. Скандалите предизвикани со разоткривањето на два големи допинг синџири одиграа голема улога, уништувајќи ги кариерите на неколкумина значајни шпански велосипедисти, при тоа оставајќи огромен облак на сомнеж над многу други и истовремено нанесувајќи силен удар на популарноста на велосипедизмот како спорт. Ако тука се додаде импозантната доминација на фудбалот на шпанската спорстка сцена, како и растот на неколку други спортови, вклучително тенис, Формула 1, мотоциклизам и кошарката (особено NBA лигата), може да се заклучи дека падот на велосипедизмот е прилично евидентен. Истовремено, изгледа како нешто многу пофундаментално да се случува во светот на велосипедизмот, како што сугерираше претседателот на UCI, Pat McQuaid, за време на последното издание на австралиската Tour Down Under. Глобализацијата на велосипедизмот која беше цел на претходникот на Pat McQuaid, Hein Verbruggen, наголемо е во тек. ProTour трките не само што се одржуваат надвор од Европа, туку и напредуваат со брзо темпо. Истотака и екипите надвор од Европа.
Ако може да се третира како добра вест за велосипедистите, организаторите на трките и фановите, е фактот што менаџерот на Caisse d'Epargne, Eusebio Unzué, веќе одреден период е запознат со тоа дека на крајот од 2010 година француската банка ќе се повлече од клубот, па прави напори да привлече потенцијални нови спонзори. Според информациите од Шпанија, во потесна конкуренција е голема компанија од матичниот регион на екипата, Navarra. Eusebio Unzué секако дека има комуникација и со шпанската F1 ѕвезда, Fernando Alonso, кој најави формирање на сопствена шпанска екипа, предводена од шампионот Alberto Contador. Стручната јавност во Шпанија веќе сугерира дека најдобро решение за моменталната криза во земјата би било формирање на Unzué-Contador-Alonso тројка, која ќе ги обедини шпанската најквалитетна екипа, најквалитетен велосипедист и несомнената спортска ѕвезда. Сето ова можеби не е конкретен сигнал за враќање на старите добри времиња кога шпанските екипи се „гризеа“ меѓусебе на големите велосипедски трки, недела за недела, но сигурно дека ќе значи формирање на екипа која ќе се натпреварува со таквите како Sky, RadioShack, HTC-Columbia, Katusha и другите екипи кои го развиваат велосипедизмот во една нова поинтернационална ера во која традиционалните велонации повеќе не доминираат на листата на екипи и на натпреварувачкиот календар како порано.
Peter Cossins, cyclingnews.com Јануари 26, 2010
|









Katusha и Team Sky се очигледни примери, а како што пелотонот станува се поинтернационален, и ProTour екипа од австралискиот континент е на добар пат да стане дел од најсилниот светски велосипедски циркус. За прв пат, овие екипи регрутираат серизен број шпански велосипедисти, со оглед на фактот дека можностите за настап во домашна екипа се значително лимитирани.