|
Навраќајки се на тој период, колку велосипедски рамки изработивте за Карера и Пинарело?
Дарио: Доволно. Јас ја отворив мојата работилница во 1991. На крајот на 91 почнав да изработувам рамки со ТИГ технологија. Рамките беа полесни и поиздржливи, што предизвика експлозија од побарувања. Во следните две години изработував многу малку рамки со моето име, приближно 5 годишно, бидејќи немав време. Еден од најголемите проблеми кога работите по договор е контактот со муштеријата. Бидејќи ако размислуваш како изведувач на работите, и 5те минути се многу важни. Муштеријата кој доаѓа во продавницата и сака да разговара со тебе за одредена рамка, може да те задржи и околу еден час ... и ако не ја продадеш рамката, тогаш настанува проблем. Со големо вложување на личното време работев како изведувач на работите 25 години.
Па кога престанавте да работите како изведувач на работите и започнавте самостојна работа?
Дарио: Тоа беше чудна ситуација. Првата локација на работилницата во Иљаси беше на патот кој води кон Верона. Компаниите за кои работев, да ги подигнат рамките, ја посетуваа работилницата со мали камиончиња. Немаше паркинг, па ги паркираа нивните возила од страната на патот, близу мојата работилница. Ова не е фрекфентен пат, но е популарен пат за локалните велосипедисти. Една недела, јас и мојот пријател земавме две столчиња и броевме колку луѓе на велосипед застанаа на бензинската наспроти работилницата. Недела наутро, од 8 часот до попладневните часови броеа околу 700. Не го сметавме секој велосипедист, туку само оние со дрес и спринтерици ...
Професионални велосипедисти?
Дарио: Па не професионални велосипедисти, туку сериозни рекреативци. Возилата на Пинарело и Карера остануваа само 20 минути надвор од работилницата (додека ги собираат рамките), доволно за луѓето кои овде возеа да почнат да прашуваат: зошто се тие овде? Така, работата почетно се пренесуваше од уста на уста. Се сеќавам на првиот муштерија, кој стапна во работилницата и побара Пегорети рамка. На почетокот беше како на шега. Навистина беше како на шега. Но по две години тоа веќе не беше шега бидејќи во 94, 95 изработив приближно 30 до 40 рамки со мое име. Светот на велосипедизмот е мал свет, а италијанскиот свет на велосипедизмот е многу претпазлив. Многу познати брендови работат со изведувачи на работите, иако повеќето би рекле дека рамката е направена во нивната фабрика. Но тоа не е вистина. Секој има свој изведувач на работите.
Се сеќавам на ова, бидејќи ми се јави Фабио Пинарело во 1997, одеше на изложбата во Милано и ми рече дека неможе да ми понуди повеќе работа. Така, мене ми се отвори проблем, бидејќи имав заем, а немав известување. Што ќе правам сега, си реков? Тие сакаа ексклузивност, а немаше предупредување и проблемот беше, што јас ќе правам сега? Зборував со Џорџио Андрета, мој добар пријател (од американските увезувачи Гита), кој исто така увезува Пинарело во САД. Се сеќавам за време на разговорот, му реков дека се среќавам со проблеми. Тој ме погледна во очи и ми рече дека ќе ми ги продаде рамките во САД. За мене, тоа беше многу тешко да се разбере, бидејќи Пегорети немаше име.
Само непризнато?
Дарио: Да.
Така, всушност, сето ова ти даде поттик да започнеш сам ...
Дарио: Гита направи испорачка за 30 рамки и најпрво, тој ми даде спецификација за рамките. Бидејќи Џорџио е бизмисмен, навистина добар дечко, но сепак бизнисмен. Во 96, 97 за Американскиот пазар изработував рамки со необичен дизајн и материјал. Тој ми рече “пазарот бара рамка како оваа”. Но мене ми требаа две години да го убедам Џорџио дека постои причина да се создаде рамка во одредена форма, не само поради прашањето да се следи побарувачката на пазарот – не само за пари. Сметам дека е глупаво само да се следи пазарот ... позабавно е да се создаде пазарот, секако е и многу потешко ... но од некоја причина сметам дека така е правилно.
Дали се уште уживаш во работата – заварувањето и произведувањето?
Дарио: Да. Но сега не е толку забавно. Во минатото самото изработување беше забавно. Позабавно беше бидејќи, претходно, пред пет години работев на рамката околу шест часа дневно, а само еден час на телефон. Денес со интернетот се јавува голем проблем – интернетот е големо нешто – се отвараат можности за луѓето да учат и да контактираат. Но е голем проблем, бидејќи потребно е да потрошиш на него многу време и нема шанси да го исклучиш компјутерот. Тоа е прашање на почит кон муштеријата. А муштериите контактираат насекаде од светот: Европа, Северна Европа, Малезија, Јужна Африка, Тајван и денес многу повеќе и од Јапонија. Но најголем пазар за мене? Секако, САД.
А дали се тие муштериите, од кои имаш најголеми посебни барања?
Дарио: Не постои комплициран муштерија, не. Понекогаш се обидувам да го разубедам муштериајата, кога тој прави лош избор. Во минатото беше многу потешко бидејќи се сеќавам дека некои дечки ќе дојдеа во работилницата и ќе кажеа сакам вакви цевки, овој агол ваму и таму. Најверојатно бев малку луд, но ги носев дечките до работилницата им ја давав ламбата за заварување и им велев “еве повели обиди се”. Тоа е слично како, кога имаш здравствен проблем, дали одиш кај твојот доктор и му кажуваш што да прави? Ова е прашање на почит.
Па, дали многу си го променил велосипедот – во последниве 20 години на изработка? Колку далеку мислиш дека се променила геометријата, и ние сме го промениле велосипедот?
Дарио: Многу луѓе во светот веруваат дека постои апсолутна геометрија. Не постои, бидејќи ако постои апсолутна геометрија тогаш сите треба да имаат иста рамка а ова не е возможно. Сметам дека кога сте решиле да изработувате рамка треба да ја земете во предвид геометријата, материјалот, дијаметарот на цефките. Употребата на велосипедот и она што вие го очекувате од рамката. Но самата геометрија е само еден дел од рамката.
Дали е и еден дел до целиот велосипед?
Дарио: Да, секако. На пример, ако земете двa различни вида цефки, ги спремите за работа, најверојатно ќе добиете две идентични рамки. Но ако го промениш дијаметарот на цефките на една од рамките, истата ке се однесува тотално различно. Тука не станува збор само за геометријата. Ако смените само една важна цефка, на пример, долната цефка, тогаш имате различна рамка со иста геометрија. Ако употрбувате многу тенки цефки тогаш тие можат да апсорбираат и да се превиткуваат многу повеќе отколку подебелите. Така да, како велосипедот се однесува не зависи само од геометријата — движењето на рамката зависи од дијаметарот и материјалот.
Јас имав многу среќа бидејќи стекнав големо искуство соработувајки со млад тим. Мислам на работењето со тимот од Иљаси наречен Риболи. Бев многу, многу близок со нив. Од 1980 до 85 тоа беше еден од најважните млади тимови во Италија. Меѓу другите, Давиде Ребелин возеше за овој тим во тие години. Ова беше добро искуство бидејќи јас бев слободен. Беше поинакво искуство – различно од она со професионалните тимови, кои секогаш ти налагаат дијаграм а ти само ги изработуваш рамките. Понекогаш во работилницата доаѓа врвен професионален тркач и прашува за мислење, но најчесто не. Тоа не е глупава работа ... но не е многу возбудливо. Но оваа работа, со околу 20мина тркачи започна во јануари и секоја година или две се менуваше. Се сеќавам за 2 месеца ќе направев 20 рамки, а момците ги земаа велосипедите и ги возеа. Се сеќавам јас го земав скутерот за да возам со нив додека тие тренираа – да ја видам рамката во движење и ги гледам грешките. Запишувам некои забелешки. Се враќам во понеделник во работилницата и за две недели правам нова рамка. Така можеш да ги споредиш резултатите и рамките и да увидиш зошто си направил грешка. Ова беше многу важно и незаменливо искуство.
Значи мислиш дека во тој период научи повеќе?
Дарио: Во однос на способноста, да.
Но како го правиш тоа денес, бидејќи денес не се сретнуваш со сите муштерии? Дали е тоа начинот кој го преферираш, да се сретнеш со нив, да ги запознаеш?
Дарио: Да, да. Ако тие можат да дојдат во Италија. Најчесто постои некој муштерија кој има своја идеја и секако јас мислам дека е возможно да се усогласам со момците и да направиме добра работа во однос на размерите, значи не зборувам за перфектна работа, но сепак добра работа. Единствениот голем проблем е кога муштериите ги земаат сами мерките, а тие мора да сфатат дека овде треба да се наведе точниот притисок, како при мерењето на внатрешниот крак. А од друга страна пак, 90 % од велосипедистите немаат потреба од точно скроена рамка. Бидејќи ако прашате велосипедист, секој ќе ви каже дека има проблеми со грбот, со рамената. Така да само околу 10 % имаат потреба од точно скроена рамка. Но 100 % имаат потреба од удобност. Во Европа постои поразлична култура на велосипедизмот и постојат многу стари продавници со искуство.
Кога се работи за персонално скроена рамка, дали сметаш дека муштеријата очекува сега да биде соодветно услужен?
Дарио: Постојат добри и не толку добри продавници но услугата е прашање на искуство. Погледни го велосипедот ... секој возач го вози велосипедот некако на овој начин (прави гримаси, како старата позиција на “седење и питање”) но сепак велосипедизмот е област на рекреација, забава задоволство, но треба да се размисли ... Им велам на моите муштерии, кога го возите велосипедот, кога почнувате да го возите велосиепдот мора да мислите на себеси и на самиот велосипед, и на машината. Не се работи само за вртење на педалата.
Но за да се достигнат тие вештини треба време ....
Дарио: Ако зборуваме за возач на автомобил или на пливач тие се обидуваат да го усовршат секој минимален дел од нивната техника. Возењето велосипед исто така бара техника – постои спретност и вештина, кои се обидуваш да ги поправиш. Погледнете ги професионалците на ТВ и начинот на кој тие ги вртат педалите. Ке помислите можеби дека јас сум стар човек, но сепак ова е моето мислење. Сметам дека е поважно да имаш добар став и да научиш да го возиш велосипедот правилно, отколку да ја имаш најновата карбонска рамка.
Значи тогаш не би изработувале карбонски рамки?
Дарио: Не.
Велосипедите се чувствителна тема, а за Дарио и повеќе од тоа, а ние, велосипедистите донесуваме одлуки за купување, базирани на она што го предизвикува тоа наше чувство. Интересно е тоа, што многу малку Италијанци купуваат Пегорети-велосипеди па повеќето од велосипедите одат за САД или подалеку. Иронично е дека има голема популарност и на Далечниот Исток, место кое го снадбува светот со карбон.
На нашата последна вечера кај Пегорети, во пријатен ресторан на езерото Калдонацо, Дарио го зема мојот бележник и моливот кој се наоѓаа на масата. Тој внимателно и со големи букви напиша: стравот ја убива душата. Во последните години се ширеа различни мислења за здравствената состојба на Дарио. Имаше шпекулација за намалувањето на неговото производство и оскудната набавка. Ако сте го посетиле немаше да биде тешко да сфатите зошто на Пегорети во последните месеци му беше потребно подолго време да дојде до муштерија, но тешко беше да се увидат некои вистински проблеми. Ручекот траеше неколку часа, но Пјетро (десната рака на Дарио) работеше цел ден. Овде не можеше да се рече дека се работи за некакво брзање – добрите нешта ги добиваат оние што знаат да чекаат.
За жал, нашите неколку дена заедно поминаа многу брзо. Дарио претставува одлично друштво и ја има страста да ги врши правилно работите; започнувајќи од бавното и долго готвење на ручекот па се до лемењето со сребро, тој е свесен дека неговите напори се рефлектираат во резултатите. Дарио, почитуван од неговите колеги, е на врвот на неговата професија.
Мене ми е јасно дека изработката на рамки кај Пегорети е особина. Неговото време на испорака е по случаен избор, неговата работилница е всушност пред распаѓање, а тој самиот вели дека многу пуши и пие.
Но иако тој тешко може да се рече дека постојано се труди (по сопствено признавање) неговите велосипеди се беспрекорно изработени и покажуваат идентитет, со посебното внимание на Дарио од изборот на цефка до самото боење па дури и личните пораки на велосипедот – посебно за муштеријата – Пегорети се сигурно направени рачно и со љубов.
Текст Guy Andrews, Rouleur 2009 |