| Il Pirata - Втор дел |
|
|
|
| Thursday, 21 January 2010 16:03 |
|
Единствена пречка која останува на патот на Марко кон првата победа на Grande Boucle е индивидуалниот хронометар на претпоследната етапа. Со неверојатна смиреност и концетрираност, Пиратот ги лимитира своите загуби на прифатливи 2 минути и 30 секунди во однос на победникот на етапата, Јан Улрих и на тој начин триумфира на најпрестижната светска велосипедска трка. Со оваа победа, Марко Пантани е првиот Италијан, по Фаусто Копи (во 1952 година), на кој му успева да оствари Giro-Tour double. Пантани го започнува 1999 Giro како несомнен фаворит и, по победите на четири етапи и водството од 5 минути во генерален пласман, делува како сигурно да го гази патот кон неговата втора победа на оваа трка. Тој е во водство уште од осмата етапа на трката (неговиот прв етапен триумф на1999 Giro), а со другите победи во Oropa, Alpe de Pampeago и Madonna di Campaglio, Пиратот не остава простор за сомнеж за тоа кој ќе ја освои Maglia Rosa. И тогаш се случува катастрофа.
Падот на Пантани „from Hero to Zero“ е многу поголем отколку неговиот поход до зенитот. Поради висок ниво на црвени крвни зрнца во крвта Пиратот е отстранет од 1999 Giro, по што се соочува со обвинение за спортска измама, иако случајот подоцна е отфрлен по поднесената жалба на Пантани, но сепак тој добива тримесечна суспензија. Во 2002 година Пантани е суспендиран на шест месеци, како резултат на полициските акции во Сан Ремо за време на 2000 Giro, при што беа откриени траги од инсулин во шприц. Во текот на неговиот „пад“, Пиратот победува на две етапи на Tour de France, од кои една на Mont Ventoux, и тоа под контроверзни околности. Ова победа резултираше со вербална војна со Ленс Армстронг, меѓутоа набрзо несогласувањата со Тексашанинот беа надминати. Обидите за comeback во 2002 и 2003 година не беа успешни, но сепак Марко успеа да го заврши 2003 Giro на 14-то место. Со оглед на неговото блиско минато, рака на срце резултатот и воопшто не е лош, меѓутоа сосема видливо Марко е веќе само сенка на „стариот добар Пират“. Летото 2003 година Марко се пријавува на рехабилитациски третман во психијатриска клиника, за да веднаш по нејзиното напуштање го објави своето пензионирање од велосипедизмот со зборовите „Велосипедизмот е последното нешто што ми паѓа на памет“. Навистина неверојатни дела и зборови од човекот кој за толку кратко време прерасна во вистинска легенда. Навистина, што остана уште да се каже за Пиратот?! Брилијантниот „брдаш“ како таков ќе остане во нашето сеќавање. За жал, од 1999 година во животот на Марко доминираат контроверзи и проблеми, но да се надеваме дека луѓето ќе го паметат овој човек по љубовта која му ја даде спортот што го сакаме. Во интервјуто дадено по напуштањето на психијатриската клиника во близината на Падова во 2003 година, Марко ќе рече „Може да заборавите на спортистот Пантани“! Се прашувам дали историјата ќе го потврди тоа?!
Фотограгија Graham Watson Оргинален текст Daily Peloton, 14.02.2004 |








.....Од самиот почеток на трката Пиратот се соочува со проблеми - тој губи неколку минути на една од етапите низ Ирска и победата во генерален пласман се чини сé подалечна. Сепак, Марко не се предава и на етапата од Luchon до Plateau de Beille со брилијантна „брдашка“ изведба на пеколното сонце надоместува речиси две минути во однос на Жолтата маичка (Maillot Jaune) Јан Улрих, но сепак има уште цели три минути дефицит зад Германецот.
Како одлучувачка ќе се покаже 15-та етапа, која минувајќи ги легендарните Galibier и Telegraphe, финишот го има во Les Deux Alpes. И токму на Galibier Пиратот го напаѓа Улрих. Дождот како воопшто да немаше никакво влијание на Марко. Напротив, дождот му беше сојузник, а неговите препознатливи заштитни знаци, марамата и обетката со огромна брзина се изгубија од видикот на Улрих во поројниот дожд. Самоуверено „прелетувајќи“ преку можеби најтешките делници на трката, Пиратот го остава зад себе Улрих за речиси 10 минути и со тоа ја презема Жолтата маичка со сосема комотна предност од 4 минути.