| Il Pirata - Прв дел |
|
|
|
| Friday, 15 January 2010 15:04 |
|
За жал, луѓето кои се соочуваат со проблеми во нивните животи се паметат по нивните падови, а не по нивните достигнувања. По сé изгледа таква е приказната и за Марко Пантани, кој почина од преголема доза на кокаин на 14 февруари 2004 година. Поголем дел од луѓето најверојатно ќе го заборават брилијатниот „брдаш“, кој ги освои Giro d’ Italia и Tour de France во 1998 година, исто како и неговиот напаѓачки стил. Марко навистина беше одличен велосипедист и неговото место меѓу најголемите „брдаши“ во велосипедизмот треба да биде загарантирано.
Роден во Чезена, Италија на 13 јануари 1970 година, Марко влегува во водите на велосипедизмот уште од мали нозе. Од самиот почеток на кариерата неговиот потенцијал за искачување планини е евидентен и овој квалитет му овозможува да победи на неколку тешки трки во аматерска конкуренција. Најголем успех во неговата аматерска кариера со сигурност претставува победата во генерален пласман на Baby Giro 1992 година, помал формат на Giro d’ Italia, трка во која ќе има многу достигнувања и падови во иднина. Оваа победа најдобро ќе ги презентира неговите квалитети во планините, по која веднаш ќе биде потпише за тимот на Carrera. На Марко му требаа две години да ја оствари својата прва победа во професионалниот пелотон, победувајќи на планинските етапи во Merano и Aprica, во рамките на 1994 Giro d’ Italia. Веќе во наредната година, за време на 1995 Tour de France, Марко го освојува легендарниот Alpe du Huez, а на Champs Élysées во Париз пристигнува како најдобар млад велосипедист, со што ја освојува Белата маичка (Maillot Blanc). Истата година, Марко го освојува бронзениот медал на друмската трка на Светското првенство во Колумбија, со што на светот му најавува дека пристигнува голем шампион.
„За време на искачувањето на Alpe du Huez, се сеќавам како го гледав Марко како ги врти педалите на неговиот Bianchi. Искачувањето, како што многумина знаат да кажат, е преживување на најподготвените, но на овој ден јас бев сведок на уметничка изведба“ – вели Nick Bull од Daily Peloton. И покрај ветувачките први месеци на 1999 година, во кои навестуваше дека ќе ја надмине претходната натпреварувачка сезона, сепак во 1998 година Пиратот го достигнува зенитот. Беше доминантен во планините и зачудувачки, остварува многу подобри резултати во „борбата против часовникот“, што од друга страна посочува на фактот дека со сериозен, напорен и правилен тренинг, „малите“ велосипедисти може да ги предизвикаат на мегдан нивните покорпулентни колеги во долгите и исцрпувачки тринеделни трки.
Незадолен „само“ со победа на Giro, Пиратот и неговиот Mercatone Uno заминаа на 1998 Le Tour како фаворити за највисокото место на пиедесталот, иако оваа цел можеби беше преамбициозна, со оглед на тоа дека минатогодишниот суперталентиран победник Jan Ullrich изгледаше како да е гладен за негов втор триумф на најпрестижната светска трка.
Оргинален текст Daily Peloton, 14.02.2004
|










По исполнетата со повреди и рехабилатациони програми 1996 година, Марко во 1997 година потпишува за тимот на Mercatone Uno. Настапувајќи за Mercatone Uno, Марко во одличен стил „на бис“ повторно го освојува Alpe du Huez, како и скијачкиот центар Morzine во рамките на 1997 Tour de France.
1998 Giro d’ Italia е локацијата каде што се одвива битката помеѓу Марко Пантани и велосипедистот на „популарниот“ тим на Festina, Alex Zülle, иако по експлицитната манифестација на доминација во планините, победата во генерален пласман недвосмислено беше резервирана за Пиратот. Тифозите го знаеа тоа и од тогаш навака, сликата на нивниот херој ги краси Доломитите во континуитет. Единствено нешто што може да се спореди со фанатичната љубов на тифозите кон Марко можеби се „Портокаловите Баскијци“ – заколнати навивачи на тимот Euskaltel. Придржувајќи се до традицијата, Пиратот триумфира на две етапи на 1998 Giro d’ Italia, но сепак најголем прогрес остварува на хронометарските етапи, каде успешно го контролира водството во генералниот пласман.